праша (гл.) - да (сврз.)

Сега таа му рече на татко ми: „Добро, бре, мажу, како не ти текна некојпат да свртиш очи, да прашаш да не сум гладна, да ми дадеше скришум корче леб?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повторно го имав тоа чудно чувство дека зборува слично на оние “замаглени” книги што брат ми ги обожува и кога ќе го прашам да ми објасни што се раскажува во нив, оти слабо разбирам, тој ми вели: - Што глупаво девојче си бе, Брезо, немаш шанса!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој продавачот многу крадеше од продавницата. Без исав, и затоа кога ми дојде мене еден од тие агентите да ме праша да не знам нешто за таа кражба, јас веднаш му реков оти што Коле ги украде и некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навалуваше сѐ повеќе и повеќе, и на крајот дури ми го отвори фрижидерот за да ме праша да не сакам да си изберам нешто друго што повеќе би ми се допаднало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дедо многупати така ќе ме праша да не ме пречекорил некој што не растам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш видикот ми го разубави една тешка бела мачка, ишарана со жолтопортокалови дамки, која лежерно се прошета по верандата и седна на скалите, вртејќи ми грб и гледајќи го истиот пејзаж како и јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)