прашува (гл.) - што (зам.)

Не се разбудија само дечињата, инаку сите други ги кренаа главите и еден со друг се прашуваа што е тоа што се случува околу нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И после кој како ќе ги сретне и ќе ги прашува што носите така?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето и жените се искрадоа од своите куќи како лилјаци, ги напуштија софрите и леглото и ме обиколија прашувајќи што ми е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го прашувам што најмногу му се допаѓа, а Демијан ми вели: она со трубите!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Жените ги подаваа главите низ прозорци, излегуваа на чардаците и преплашено прашуваа што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Многу често се прашував што барам, каде одам со овој чудак. А, сепак, сѐ уште бев со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наутро ја прашувам што сонувала.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)