прашува (гл.) - јас (зам.)

- Можеш ли да седнеш сама? – ја прашував јас постојано, мислејќи дека е нормално на стар човек да се понуди помош, но секогаш наидував на истиот одговор.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Зошто?“, го прашувам јас. „Не знам“, вели, „што се мачиш со овие работи. Да ти треба гробов, ајде де.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А зошто убиваше, го прашувам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами, и Филипа не сте го виделе, прашувам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има ли таа кралица, те прашувам јас, пушкомитралезецот на првата десетина, трет вод, втора чета на првиот баталјон на сто петтата бригада, има ли таа кралица барем малку ум штом од топлата вода во широката и долга када оди под дожд?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Прашуваш кој ме чести? Сите по малку, Васј“, вели тој. „Како тоа сите?“, го прашувам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„На Руската плажа?“, прашувам јас. „Токму на неа“, вели тетин ти и се смешка како победник на кого воопшто не му е важна победата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Алексеј го запишав во училиште! Почна да станува човек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Како напредува Алексеј?“, прашувам јас, најмногу за да ги одложам непријатните нешта или да го свртам разговорот кон помирни води; сѐ ми се чинеше дека татко ти е затечен, можеби и збунет од посетата но и од директниот настап на Иван Степанович па смислуваше некои објаснувања во врска со оној проклет Корпус, но не сака што се вели прекутрупа и необмислено да истапи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Какво е тоа гледање? - се прашувам јас во себе, се мачам да разберам што сака со тоа Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Е за тоа, вели Маса Ќулумоска, лесен му е лекот за тоа, вели. - Ами што, прашувам јас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дали има кај вас ветар во магла, го прашувам јас Витомира, го зазборувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А зошто да станам, ја прашувам јас жената. - За твое добро, ми вели таа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)