прегази (гл.) - неа (зам.)

По Пазарџиски Пат, кој на Алилово ја премостува Алинска Река, за неколку километри понасевер, одејќи низ веселечкиот синор и паралелно со железничката линија, откако ќе ја прегази неа, да се префрли во кадиниоселскиот, за потоа одејќи низ него и пак паралелно со железничката линија и право на север, нешто пред Галичани, газејќи низ Галичка Река да се протне под неа и за, најпосле, припазувајќи се од кучињата, додека минува низ селото, горе над него, веднаш над железничката станица Галичани, односно да ја прегази железинчата линија и да зачекори низ прилепските тутунови полиња, се стигнува, сè така завјасан, на пазар во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)