прегледува (гл.) - секој (зам.)

Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Учителката нѐ прегледува секој ден и секојпат е доволна од нас: од мене и од моето девојче што навистина грижливо ме чува.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)