предаде (гл.) - или (сврз.)

Оттогаш, од Тодорова Сабота, секој ден уште од раното бега ваму најгоре на Зедница и постојано завардувајќи дали не ќе се зададат еднаш заптии од кај Алилово, само на тоа си мисли: што ќе прави тогаш, ако навистина дојдат заптии по него, ќе им се предаде или пак ќе му ја летне да бега па пак да му се смеат луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
5.  Странката е должна самата да ја поднесе исправата на која се повикува за доказ на своите наводи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако исправата се наоѓа кај државен орган или орган на државната управа или кај правно или физичко лице кое врши јавни овластувања, а самата странка не може да издејствува исправата да се предаде или покаже – судот, по предлог на странката, ќе ја прибави оваа исправа (чл. 217, ст. 1 и 3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога едната странка се повикува на исправа и твр- ди дека таа се наоѓа кај другата странка – судот оваа странка ќе ја повика да ја поднесе исправата, оставајќи и за тоа определен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката не може да го одбие поднесувањето на исправата ако таа самата во постапката се повикала на таа исправа за доказ на своите наводи, или ако се работи за исправа која според законот е должна да ја предаде или покаже, или ако исправата – со оглед на нејзината содржина – се смета заедничка за обете странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Покрај парите, тука има и ризик дека ќе те предадат или дека ќе бидеш фатен.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)