предизвика (гл.) - внимание (имн.)

Дури во шеесетите години бавно започнува Хармсовата фактична рехабилитација; необјавените текстови почнуваат да се публикуваат и да предизвикуваат внимание отпрва само во русистичките кругови, а подоцна и меѓу многу пошироката публика. (од книгата ДАНИИЛ ХАРМС, НУЛЕ И НИШТИЦЕ; приредувач: Дубравка Угрешиќ, ГЗХ, Загреб, 1987) 1994 „Темлум” објави едно книжуле на Хармс, интересно како поради „спојот” на „детскиот” и „возрасниот” Хармс така и поради концентрираната атрактивност на одбраниот материјал.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дипломатскиот претставник на САД во Швајцарија, Хју Р. Вилсон (Hugh R. Wilson) напишал дека „Женева е толку полна со претставници на малцинства и на поробени делови, сите настојуваат да го предизвикаат вниманието на една или на друга влада, така што јас сметам дека е препорачливо да се игра крајно сигурно во однос на секој од нив и да не им се дава можност да сметаат дека ние им даваме ним каква било помош или поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Критичните настани во Македонија, судирот кој се закануваше да заземе пошироки димензии и вмешаноста на странските дипломати, не престануваа да го предизвикуваат вниманието на Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ракописот го прочита и Едгар Морен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)