предизвика (гл.) - лутина (имн.)

Иако не сака да го лути акробатот, знае дека неговиот одговор, каков и да биде, ќе предизвика лутина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие дразнат, предизвикуваат лутина, потсетуваат, по звук и боја, на стар грев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Исклучиво не можеш да ѝ се налутиш, зашто сето тоа таа го кажува толку милно - просто на просто не е можно да предизвика лутина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)