предизвика (гл.) - општ (прид.)

Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знае да се гали, да лизне со целиот јазик, со што предизвикува општа смеа и, исплашен кога почнува да се пука, цимуоли, се втрчува во бункерот и легнува во ќошот покрај Лефтера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто овој вид геј-култура, како што ќе видиме во поглавје 10, е толку противен на геј-еротизмот, толку ја спласнува сексуалната напнатост, толку е непомирлив со пројавите на прибраната мажественост кои привлекуваат машка геј-сексуална желба, што предизвикува општа одбивност кај геј-мажите, барем кога сакаат да изгледаат модерно, а не архаично – односно, кога сакаат да се претстават како сексуални субјекти и објекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)