презема (гл.) - дејствие (имн.)

Одлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма – со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна со правна поука (чл. 85, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се разбира, надежта постојано тлееше – дека можеби работите ќе се средат, платите ќе се исплатат и сл. – но, како што покажуваат суровите факти, тоа во реалноста воопшто не се случи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одлуката за откажување на договорот за вработување и за изре- кување на парична казна ја донесува работодавачот или од него овластениот работник (чл. 86, ЗРО). 5.  Народниот правобранител е орган на РМ кој ги штити ус- тавните и законските права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени со акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на др- жавната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби (чл. 2, ЗНП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници – но судот може да ја повика странката која има полномошник, пред судот, лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките во постапката можат да преземаат дејствија лично или преку полномошници, но судијата може да ја повика странката која има полномошник пред судот лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата (чл. 80, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката Народниот правобранител може да се повика и на начелото на правичност (чл. 3, ЗНП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Самите работници беа застрашени дури и од помислата да ги бараат своите права пред суд!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Народниот правобранител презема дејствија и мерки за заштита од неоправдано одолжување на судските постапки или несовесно и неодговорно вршење на работите на судските служби, неповредувајќи ги принципите на самостојност и независност на судската власт.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на целата постапка судот – по службена должност – ќе внимава дали лицето кое се јавува како странка може да биде странка во постапката и дали е парнично способно (чл. 74, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7.  Извршителот е лице кое врши јавни овластувања утврдени со закон именувано согласно со одредбите на овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршителот се именува [од страна на Министерот за правда, врз основа на конкурс] за подрачјето на основен суд и извршува извршни исправи на судот или органот чие седиште е на подрачјето за кое што е именуван, а при спроведување на извршувањето презема дејствија на целата територија на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)