прекине (гл.) - игра (имн.)

Требаше да ја прекинам играта и просто трчајќи да се вратам дома затоа што на радиото најавиле дека ќе пее Вице Вуков.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја прекинаа играта, но не станаа од местата, освен што се загледаа во братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме погледнаа сомнително, но не ја прекинаа играта. Играа јуч. Омилена игра во балканските села.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Реката дотечува и им ги прекинува игрите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговото поминување ни ја прекина играта.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)