прекине (гл.) - молчење (имн.)

- Ќе ве водам кај најубавите јагоди, - го прекина молчењето Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гоце, за да го прекине молчењето праша: - Каде сте тргнале, алагар, ако можам да ве прашам и ако немате ништо против?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Старецот молчеше. - Значи, не ја сакаш планинава, а? - го прекина молчењето. - Кој ти рече? - Ти!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нечии глас го прекина молчеето: - Нека го прими кметот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)