прекине (гл.) - работа (имн.)

„Ја почнал работата рано напролет и се надевал дека ќе ја заврши пред зимата, но, за несреќа таа година зимата дошла многу рано и тој морал да ја прекине работата со завршени само три потпори, од вкупно пет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Падна првиот снег и ние ја прекинавме работата во фабриката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето ја прекинуваат работата во 12, за да ја продолжат попладнето во 15 часот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)