прекине (гл.) - работен (прид.)

Ако на инвалидното лице му прекине работниот однос пред истекот на три години откако е вработен, корисникот е должен да вработи друго инвалидно лице без можност за повторно користење на средствата за вработување на инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Работодавецот кој ќе го прекине работниот однос на инвалидното лице или средствата 106 ги добие врз основа на неточни податоци е должен во рок од 30 дена да ги поврати целосно средствата заедно со банкарската камата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И претходно работ- никот кој го прекинал работниот однос по своја волја или спогодбено немаше право на паричен надоместок (чл. 67, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одредено ограничување за работниците кои се вработени на неопределено време преку овој закон да не го прекинат работниот однос по свое барање, да ги исполнуваат обврските и да не ја кршат работна дисциплина претставува одредбата според која за повторното вработување на оние работници на кои им престанал работниот однос по наведените основи работодавците нема да можат да ги користат поволностите од овој закон (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)