премине (гл.) - граница (имн.)

Исто така, тој му нагласил на Маклин дека “нема агресивни намери спрема грчка Македонија и дека бригадата296 нема да ја премине границата“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тито му го дал личното уверување на Маклин дека “тој нема агресивни намери спрема грчка Македонија и дека бригадата нема да ја премине границата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа организација според Ламби се покажала многу силна поради што морале да ја преминат границата и да се вратат во Македонија во близината на Дојранското Езеро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според Маклин Тито “дал цврсто уверување дека ниту една од неговите трупи, вклучувајќи ја и грчката македонска бригада, не преминала ниту ќе ја премине границата во Грција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денот го поминав во шумата кај Стење и ноќта ја преминав границата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа може да ги премине границите на дејства и зборови, и да се прошири на мислите, идеите, дури и на сеќавањата и фантазиите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некои веќе ја преминале границата и излегле на албанска земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со овие негови одговори британскиот Форин офис бил сосема задоволен, уште повеќе што Тито во однос на Македонија издал инструкции со кои на македонските политички и воени лидери им се забранувало да даваат изјави за "Грција или за македонското прашање, без да се консултираат со него".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На таквите "обвинувања" од страна на Меклин Тито го "смирил" Меклин со ветувањето дека Југославија нема "агресивни намери спрема грчка Македонија" и дека "грчката македонска бригада нема да ја премине границата", а југословенските територијални интереси ќе бидат поставени на мировната конференција по завршувањето на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не ни дозволија да ја преминеме границата. Свртивме и трчаница фативме пат за Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под сенките на густиот врбјак го поминавме денот и ноќта, по полна месечина ја преминавме границата и стигнавме во Медово каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја преминавме границата и кога до нас не допираа експлозиите на бомбите и не се слушаше бучавата на авионите, тогаш почувствував голема празнина. И болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веројатно и Анатолиј немаше да дозволи неговата сопруга да ја премине границата што може да ја доведе во прашање и неговата врска со Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рајна му беше венчана жена.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)