премине (гл.) - праг (имн.)

„Може ли да ја земам твојата перница?,“ праша. „Многу убаво се спие на неа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега одам. Таму ми е местото,“ рече, и пред да го направи чекорот со кој би го преминала прагот, се сети на нешто и застана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но тој ништо од тие работи не зеде, туку веднаш, штом ги виде птиците во дворот, го премина прагот и стрчна кон нив да ги фати.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)