пренесе (гл.) - конкретен (прид.)

Неговата вредност прилично јасно се разбирала во времето на создавањето на филмот; најпосле, некој го осмислил кадарот и го поставил многу грижливо и обмислено – претпоставуваме за да го пренесе конкретниот ефект што сѐ уште го предизвикува толку силно, што да ти подзастане срцето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во случајот со секвенцијава од Милдред Пирс, она што би ни требало за да ја завршиме анализата, да ја конкретизираме точната вредност на секој стилистички елемент посебно во контекстот на неговиот систем, е длабоко техничко познавање на продукциските вредности и работни начела на поединците што го направиле кадарот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“383 Значи, стилот може да се анализира: може да се натера да проговори, да каже нешто со сопствени поими – може да се натера да не упатува на нешто друго, туку да каже нешто што самиот тој го значи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Репродуцирајќи се себеси со секое ново поколение, културата го одржува идентитетот на заедницата од минатото кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културата ја зачувуваат редовни, долговечни процеси на општествена репродукција кои пренесуваат конкретни обрасци на мислење и на однесување од едно на друго поколение и го консолидираат колективниот идентитет на групата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи на поединецот му се втиснуваат толку рано, на толку рана формативна возраст, тие се упорни, трајни и конститутивни за себството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие ги обликуваат човечките субјекти на особени, длабоки начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаеле луѓето што прават.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)