преостанува (гл.) - да (сврз.)

Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев редовна и активна на предавањата, впрочем, овде ништо друго не ми ни преостануваше да правам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но оваа битка, според Аполинер, ја започнале уште браќата Грим, кога германскиот јазик се ослободил, особено во доменот на книжевниот јазик, но преостанувало да се исчисти говорниот јазик, како и јазикот во доменот на трговијата, администрацијата и војската.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мене ми преостануваше да трагам по татковата визија за власта во последната четвртина на XX век кога него повеќе го немаше, а неговите книги го одржуваа неговото присуство во мојата свест... I Пишувам за да отворам дамна затворена врата, за да минам граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
До откривањето на историјата на вистината, според татка, преостануваше да се читаат книгите на сите времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој го доживеа падот на Австро-Унгарската и на Отоманската империја, провлекувајќи го низ нив своето откорнатичко семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)