преплаши (гл.) - и (сврз.)

Зачекори кутрото дете преплашено и дојде до нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кире дотогаш не ја сфати ситуацијата, но кога ја виде солзата, се преплаши и побегна назад во селото...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)