препознава (гл.) - во (предл.)

Препознаваш во него нечии живо запретани зборови во пепелта. Големиот камен, тој, кој ја прицврстува душата на предците. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Самува сега Големиот камен запретан во огништето крај тланикот - тајна врата низ која одминуваат ветровите на историјата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Меѓутоа, ваквата препоставка брзо отпадна кога, минувајќи низ големиот плоштад „Конкорд“ и упатувајќи се кон „Сен Лазар“, една од невралгичните точки за сообраќајот во Париз, со моите скопјани забележавме дека улиците се преполни со полицајци, со толку многу полицајци што во еден момент, ако не ги препознавав во униформите, ќе помислев дека се војници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бранот ми ја донесува очекуваната, сепак ненадејна слика – и додека се препознавам во неа, јас знам дека си играм, играм и уживам во слатката несовршеност на постоењето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Па луѓево, г0јовиве, отворено признаваат дека ним филмот знаменосец, уметничкото дело што им го симболизира целото движење, им e Планината Броукбек.350 Што има, тогаш, човек да се мачи без потреба да биде свиреп?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, така, значењето што лезбијките и геј- мажите го препознаваат во нив е мошне различно.17
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Проблемот на Фелоус и на неговиот есенцијалистички, третополов модел на гејството е што мажите што тврдат дека се препознаваат во маскулинистичката дефиниција на хомосексуалноста едвај претставуваат некаква ситна група на работ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Геј-родеата се исклучително популарни настани насекаде во Америка“, забележува Џон Клам и додава: „Камо да слушав повеќе иронија од луѓето што одат на нив“.351 Иронијата, меѓутоа, е последното што треба да го очекувате од обожавателите на Планината Броукбек.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно и Фелоус со исто толку драго срце би изоставил таков свет од својата замислена заедница на геј-мажи колку што и на овие би им олеснило што ќе се спасат од неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, јас пеам само за мојата мајка. Таа од далеку ме следи, јас ја препознавам во мојата тишина, која другите не ја разбираат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако завршив Махмуд Дарвиш загледан кон другиот брег на Езерото, тивко се огласи: Луѓето се убедени дека кога пеам за својата мајка, јас пеам за Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)