пресели (гл.) - во (предл.)

Некаде во седумдесеттите години, кога почна една од најголемите економски кризи во Југославија, Севда, постарата внука на мајка ми од брат ми Спиро, со семејството се пресели во Канада.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Можете да влезете, сер”, ми се обраќа униформираниот чувар задржувајќи ги непроменети, и покрај мојата неочекувана насмевка, студениот службен тон и поглед.  Од Гдањск или Данциг, како што го викаа Германците, Леон Голдблум се пресели во Варшава речиси веднаш по свадбата со Хана Минцер, подоцна Голдблум.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од катедралите и манастирите теоретичарите се преселија во работилници (универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и започнаа да се занимаваат со модели преку кои постојано изработуваа сѐ подобри чевли, со тоа сѐ повеќе разбирајќи го и обработувајќи го светот како целина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бартелми е роден во Филаделфија 1931 г., пораснал во Тексас кадешто работел како новинар пред да се пресели во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во 1878 година, на барање од познатиот француски астрофизичар Жан Сен, опсеравторијата се преселува во Медонската шума и оттогаш се претставува восветот како прва астрофизичка опсерваторија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се оженил, му се родила ќерка, дошле страшни години и тој се преселил во Бугарија. Жена му наскоро умрела.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гронинг: Немав никакви филтери. Местото беше доста нагиздено и слабо испланирано.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вилијам Гибсон (William Gibson) е роден 1948, пораснал и се школувал во американската Вирџинија, од кадешто, по завршеното школување, се преселил во Канада, кадешто сега живее (во Ванкувер) со жена си и со двете деца.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Мамо“, ја допрев по малку време „а што било потоа со тоа дете?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Потоа... потоа... ништо...“ одговори мама, „семејството се пресели во друг град и не знам што станало со него.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Побара, како инспектор за овој дел на царевината, да му ги стави воениот министер на расположение сите гарнизони војска во Македонија и Одринско, а сам се пресели во Сулун, да може отпоблизу Да раководи со задушувањето на востанието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Катето служи, бегот пие, оканицата се испразни; по неа и друга дури бегот не се пресели во рајот, та почна да си игра со Катето како што му заповеда коранот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе, бегајќи од црното Кате, фрли мерак во руса бела жена и токму ја најде руса Митра во Полчишта, та така си создаде пријатен и слободен животец кај неа и скоро си се пресели во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Падишахот му го испрати Дургугпаша од Измир со неговите Анадолци и така со Алипаша солунски, Бахитијарпаша јанински, Џавидпаша елбасански и Мустафапаша битолски, го направи својот триста илјадит корпус регуларна војска, на која ѝ се придружи целата фанатизирана турчулија од битолскиот вилает, предводена од назловените бегови и агалари, чии чифлизи гореа по леринско, воденско, кукушко, костурско и битолско поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уметниците - најтипичен пример за тоа е Кристијан Болтански (Christian Boltanski) - плашејќи се за своето место во книгите на историјата, се откажаа од долги години некохерентна работа и забава, компромитирачка во смисла на среќа и бесполезност, за да се преселат во земјата со катедрали од шпер-плочи, каде што се ставаат цени и се тргува на големо со моралот на сожалувањето и со доблестите на Меморијата, оној голем нејасен блок што може да се исече според вашите потреби - денес Меморијата се обликува онака како што порано се обликувал каменот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Да се стрпи барем ден, два - си рече Бојан, чувствувајќи како тажното небо, преку неговите замислени очи, му се преселува во душата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По затворањето на овие двајца и уште на неколцина граѓани „истрагата заврши“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ваквата тројно и четворно зголемена работна рака и давачки, бараа нова организација на производството и постојан надзор, па Акиноските, за да бидат поблиску до Потковицата, од Солун се преселија во Битола и оттаму, во екот на полските работи, доведуваа сакимии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Последниов се пресели в град божем за да биде на посигурно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но ако затреба нашиот народ ќе се пресели во нив, ќе се брани и од туѓите војски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја укина сектата на бекташите, а нивниот центар од Анкара се пресели во Тирана и тука остана до 1967 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но малку подоцна, можеби само за да го дорасветли она што го рекол, Иван додаде: - Не, оваа појава и не ме зачудува толку многу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем тоа не значи дека зборовите и расудувањата на нашите мртви се преселуваат во нас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во 1937 година Христов се оженил со Маргарет Вутерс (Американка со полуамериканско потекло) и живееле во Филаделфија, во Калифорнија, и во Вашингтон, пред конечно да се преселат во Вермонт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Минута или две таа вкочането гледаше во воденичката обидувајќи се да ја одгатне песната зад брмчењето, но, наместо тоа, целата воденичка со воденичните камења, се пресели во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А откако заработил доволно пари тој се преселил во Чикаго.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја остави јамата и се пресели во нејзината куќа. Тоа беше црковно врзана двојка што уживаше во златниот заб на жената и жолтите чевли на мажот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Брат ми е болен од офтика. Штом ќе умре, стрико ви ќе се пресели во неговата куќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Грајндeр (Grindr), една апликација за смартфон што ги поврзува геј-мажите преку ГПС според близината, во Сан Франциско има над 25 000 корисници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, не можете да го надминете општественото оцрнување само преку извртување на поимите, така што ќе се обидувате негативните слики да ги заменувате со позитивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гери Глен, кој порано работел за една антисиндикална организација, Комитетот на Ајдахо за слобода во работењето, како и за Сточарското здружение на Ајдахо, и кој еднаш неуспешно се кандидирал за место во Конгресот на САД откако беше републикански комесар во Бојс, во 1998 година се преселил во Мичиген за да лобира за даночно кредитирање на школарината за избрани универзитети, кое потоа гласачите не го изгласаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, нема ништо безбедно во таканаречените позитивни претстави – особено кога ја немате општествената моќ да ги зацврстите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во согласност со вечното одрекување од важноста на геј-идентитетот е постојаното негирање, особено од страна на геј-мажите, на важноста на геј-сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“430 Е, па, освен ако баш не ѝ се радуваме на хмурната можност остатокот од животот да висиме по негеј-храмови, одговорот на прашањево сигурно ќе биде едно громогласно да.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Развлеченото искуство на еротската немаштија што нужно и болно го доживуваат сите геј-мажи што растат во стрејт-општество го претвора обичното остварување на обичната хомосексуална желба во некаква недостижна фантазија – каква што честопати останува дури и кога, понатаму во животот, паланчанчето ќе се пресели во некое геј-градиште каде што сексуалното остварување на неговите претходни еротски сонувалства на крајот излегува детска играчка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Скот Џејмс се закачува за еден дваесет и тригодишен магистранд на Стенфорд со магистратура по компјутерски науки, кој живеел во геј-студентска зграда на Стенфорд и кој веднаш откако магистрирал се преселил во маалото Кастро во Сан Франциско; колку повеќе друштвениот живот се врти околу суштествувањето како геј, тој толку повеќе инсистира на небитноста на суштествувањето како геј, исто како што тоа што се аутирал кога имал шеснаесет години било начисто „ненастан“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, штом угледниот, достоинствен и способен лик на „силната“ жена, толку сакана од феминизмот, ќе се пресели во Холивуд, веднаш станува или невозможен, недостижен урнек (Чарлиевите ангели: до даска, од 2003 година) или неженствено чудовиште што жедува за моќ, кастрира и гладува за љубов (Фатална привлечност, од 1987 година).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што досега имал многу можности да види секој што го одживеал вториот бран на феминизмот, секоја наводно позитивна слика за жените која се обиделе да ја промовираат феминистките, нашето општество бргу ја преуредува во навредлив и угнетувачки стереотип.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што самото по себе и за себе можеби е лесно остварлива желба, кога ќе се забрани и попречи, станува невозможен сон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што се однесува до другите групи и автори нивното приближување кон country повеќе е неочекувано нападно отколку шокантно. Bob Mould го искористи одморот во работата со групата Sugar за да, во потрага по инспирација, привремено се пресели во Austin, Texas, новата мека на country музиката; Kim Deal од The Breeders и Donita Sparks од L7 ги истакнуваат Dolly Parton и Patsy Cline како свои неприкосновени хероини; Henry Rollins ќе ја вклучи Елвисовата “Love Me Tender” на својот нов албум, а песните на Frank Black, Mark Lanegan и Chris Cornell (The Soundgarden) ќе се најдат на новиот албум на Johnny Cash.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оние десетина Езерчени, што се уште ги крепи земјата, се преселуваат во Аргос Орестикон, гратче порано познато со името Рупишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Деновите ги минував чистејќи ја и преуредувајќи ја куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојот маж реши да најде работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Приредувавме вечери за еден потесен круг пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно попладне на крајот од тоа лето, Сара ме праша: „Зошто Зигмунд повеќе не доаѓа овде?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следниот месец тој се пресели во една собичка во Виенската болница, во која веќе беше вработен, а еден месец потоа, на денот кога Марта наполни дваесет и една година, таа и Зигмунд се верија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со таквата помисла и ми исчезна од очите, но не и од сеќавањето. се чини оти уште со првиот взглед врз него, како а почувствував оти дел од неговата маглеста темнина се пресели во мене, во длабоките одаи на помнењето и сеќавањето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Подоцна ќе видиме дека таа книга се вика Псалми, има чувство дека „дел од маглестата темница“ на Рибоокиот се преселил во него и дека тој го бара токму него.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Набргу се преселил во главниот град, и го вложил капиталот во фабрика за чоколадо, бонбони и вафли.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога се пресели во дневната соба, тој почна поретко да се врти дома.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се преселив во зениците на твоите очи во урнатините на омразата рти формулата на нови откритија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На бакрорезот на еден од раните маниристи кои од Фиренца се преселиле во Рим, Франческо Салватио (1510-1563), Триумфалниот поход на Пријап, одушевените Менади влечат еден огромен („анатомски-изолиран“) фалус, исправен во колата, низ имагинарен антички пејсаж.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ПАНСЕКСУАЛНОСТ Terribile e suave (Љубовта слатка и страшна)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да ти кажам, не ќе ми веруваш. Сула се пресели во куќава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Трпејца Ти доаѓа како да си се преселил во друга скопска населба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како да се пресели во Скопје или кој знае каде.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Две и пол децении живее во Буенос Аирес во Аргентина, потоа ја напушта и се преселува во Париз, Франција, каде што работи како преведувач во УНЕСКО.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Познат е и како жесток свидетел и противник на перонистичкиот режим и неговиот апсолутизам, за што има објавено и неколку документарно-мемоарски книги. Меѓу попознатите збирки раскази, му се следниве: Бестијариј (1951), Крајот на играта (1956) и Тајно оружје (1958).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Италијански новинар, драмски писател (Клинички случај, 1953, и Човекот кој ќе оди во Америка, 1962), раскажувач и романсиер, автор на либрета за опери и сликар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По Втората светска војна таа се преселува во САД, каде што живее на еден имот на островот Мон Десер во близина на Бостон, далеку од јавноста, посветена сосема на својата книжевна работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега мислам дека зачестениот жанр на речникот - којшто ги напушти своите лингвистички рамки и се пресели во книжевност - во постмодерното време не е поттикнат од носталгија, како што се чини на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас никогаш нема да бидам како мојата американска познаничка Judith којашто живее сама во запуштена куќа и упорно сонува за тоа како еден ден ќе се пресели во Грција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Цела една земја се претвори во енциклопедиско белевче и како Атлантида се пресели во речникот на имагинарните места, Dictionary of Imaginary Places.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За експресионизмот кој настануваше во северна и средна Германија и чиешто седиште наскоро требаше да се пресели во Берлин, беше симптоматично и следново: уметниците спонтано и од внатрешни побуди се свртеа кон оние делови на цивилизацијата коишто беа во сенка и коишто граѓаните ги презираа: патувачки актери и пејачи, работници, декласирани, несреќници, душевно болни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој го исполнуваше заветот на својата Мајка кога беше жива, еднаш засекогаш, да се пресели во Цариград и да биде прифатен од другиот дел на семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Татко ја вгнезди нашата судбина во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Ласте, поттикнат од својот татко Веселин, се пресели во Метрополата, првин се зачлени во Фармацевтското друштво “Во здраво тело - здрав дух”, формирано под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Стево Трајчов на некој начин се пресели во Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според неа, една лоза на фамилијата Кавалиоти многу подоцна продолжува во Трст, а друга лоза, во исто време се преселува во Крајова.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Штом нивната братска куќа, неговата и на Борко, била потопена, тој се преселил во куќата на родителите на жена му. Тие рано умреле.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
(...) Во 1937 година В. Набоков се преселил во Франција, откако некое време поживеал во Прага.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марша, уште од првите денови откако се пресели во куќата на Хелвиг и се реши да живее со него, се постави како негова сопруга.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоплена од крупната снага на Вангела, Милка се пресели во еден убав сон негде сосема на друго место каде што грее сонце и подувнува ветре, ветрето ѝ го развева нејзиното прво фустанче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа, со голема тежина во душата, уште еднаш се присеќаваше на мртвите од телеграмите- некролози кои не престануваше да ги добива, се пресели во времето на својот татко, кого не го виде уште од времето на свршувачката, се сети на својата родна мајка, која не ја виде никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеме лесно да го поставиме прашањето и истото да го обоиме со културно-социолошка боја: дали трите етапи се резултат на испреплетувањето на индивидуалните околности (дека Хичкок кон крајот на триесеттите се преселил во Америка, дека во четириесеттите бил со договор врзан со Селзник и т.н.) или пак, истото се определува со поместувања во поширокиот идеолошки процес?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Барем имаше што да јаде, но кога колективот се расформира и бидејќи во керамидницата во Охрид се погоди да биде потребна работна сила, Најдо од селанец стана пролетер, граѓанин: се пресели во Охрид каде што доби покрив над главата, многу подобар од оној во село, со струја и со вода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога сакавме да се преселиме во земја онокрајна Утрината надојде глас: О, жено Што остана на север Неподвижна како лузна, како костур, Каде си пеејќи Допрена на ѕид Да ми ја исцелиш раната На душава што ми ја остави?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Колку убавини, толку таги има Што не сум ги начнал и не сум ги сетил, Толку предели што не сум ги посетил, Што не сум ги насетил и преселил Во окото, во душата, оскорушата На есен, тополата разголена, разболена Од лисјето пред паѓање, пламенот на згаснување Толку убавини, а празнина во душата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Како виден граѓанин на град Куманово беше избран во 1916 година за претседател на кумановска општина, на која должност остана повеќе од една година, а по тоа време даде оставка и се пресели во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Заедно со слончето, што го беше родила, таа се пресели во кафезот на Ринго.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Со него работев прво во Аризона, а потоа во Сонора затоа што дон Хуан се пресели во Мексико за време на мојата обука.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како што нагласува Сасен, нафтената криза од 1973 година ~ стави крај на оваа побарувачка, означувајќи го почетокот на денешната ера на сè позасилена емиграциска контрола и бесконечни политички дебати за емиграцијата.41 Бездржавјанството почна да стекнува поистакнато место на меѓународната политичка, безбедносна и хуманитарна агенда во почетокот на 90-те години, со распаѓањето на зголемен број на федерални држави и создавањето на нови држави по Студената војна, што стави друг акцент врз заштитата на раселување на населението.42 41 Peter Newell, “Global Challenges to the Future State,” Glo- balization, no. 503 (2001), http://www.india-seminar. com/2001/503/503%20peter%20newell.htm (accessed Novem- ber 8, 2006). 42 „Во тоа време, постоеше растечка загриженост дека распаѓањето на Советскиот Сојуз, Југославија и Чехословачка ќе создаде голем број на лица без државјанство и раселени лица, од кои многумина може да бараат да се преселат во Западна Европа. (...)Досега, сепак, активностите [на УНХЦР] беа силно концентрирани во Централна и Источна Европа.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Така семејството по Втората светска војна ќе се пресели во Скопје и ќе живееме крај реката Вардар, веројатно, со рустата таткова надеж, да бидеме поблизу до морето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред војната се јавува како заштитник и иницијатор на закони кои се однесуваат на заштита на американската работничка класа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истовремено конгресменот остро зборувал и против Луис Адамиќ, сметајќи дека тој е крив што американската јавност погрешно е известена за Михаиловиќ. 116 Кон крајот на септември 1943 година владата на Божидар Пуриќ од Лондон се пресели во Каиро, а го напушти на 9 март 1944 година. 118 Ла Гвардија во американската јавност беше познат како политичар со напредни идеи, на кој социјалистичките и комунистичките идеи не му беа непознати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чекајте малку. Таа прво живееше во една куќа на оној рид, а потоа се пресели во една зграда на четвртиот кат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дедо ми раскажуваше дека мајка ми секое лето, уште од прво одделение, па сè до шесто, пред да се преселат во Скопје, поминувала по петнаесет дена во Детското летувалиште на Пелистер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некои успееја да се нагодат со новите сопственици за да се преселат во нивните поранешни живеалишта.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа не беше свесна дека кај многумина од бегалците, кај оние што оставија некој свој близок во рамната земја, напика мисла што рие како црв во нивните глави дека кога тогај нивните мртви мора да се преселат во нивна близина - тука, во Македонија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Атанас не присуствуваше на таа сцена кога Пелагија и Танаско му овозможиле на дедо Костадин да ги чакне своите очи со очите на баба Петра и во мигот таа да се пресели во неговиот свет, ама подоцна сите зборуваа за тоа па нему му се чини дека и тој бил таму и дека присуствувал на тој мистериозен чин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија веќе знае дека нејзината мисла, иако не изговорена, за тоа дека се оддалечуваат, е преселена во Чана.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од некаде пресели во градината и полжави, кои секое росно утро ткаеја сребрени ленти по зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како да се преселило во некоја чудесна сказна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Буба Мара си соши нов фустан. Ежот се пресели во нов стан.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)