преспива (гл.) - во (предл.)

Сето ова ако не ги расплакало, тогаш сигурно тоа го направило она што го има во понатамошните мои дневни белешки дека дојдов до таму ако не најдам место каде да спијам книгите ќе ги оставам кај Евтим а по три четири саати ќе преспивам во чекалната на станицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таму ѝ беа однеле и кревет, па преку ден преспиваше во стаклената градина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Преспиваше во мојата канцеларија, без оглед дали ноќта тука останував и јас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Понекогаш ја наоѓав како спие, а нејзиното тело го прекриваа пеперутки, и потоа, кога таа се расонуваше, кога полека го размрдуваше телото, тие како облаци одлетуваа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)