престане (гл.) - веќе (прил.)

Ќе цркне малце попосле!... почнав да си мислам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Одвај чекав да се вратиме во Скопје и да му кажам на брат ми дека и јас конечно видов срна, за да престане веќе еднаш да ми се фали и да ми прави мака со тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој еднаш виде и зајак, а мајка ми... за неа да не зборувам, штом ќе излезе и ќе заталка некаде, па ќе се врати по којзнае колку време, постојано има да раскажува за средби со животни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
САВЕТКА: Доста, мори ќерко, со тоа плачење. Престани веќе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сигурно сум му ја растурил тиквата!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Попот зовре уште толку и престана веќе да оди кај Рожденката да и крсти вода, од инает не побара кутол на Митровден и сите поскури што ги носеше Нешка в црква ги враќаше назад или му ги даваше на крмникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И смртта, престани веќе еднаш залудно да ја обвинуваш поради нејзината неагилност.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не престанува веќе да се превиткува и да се собира...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)