престои (гл.) - во (предл.)

1 Се претпоставува дека големиот антички филозоф Платон, под влијание на орфизмот, бил застапник на мислењето дека душата е бесмртна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За него телото е место во кое душата само „престојува во нејзиниот пат кон светот на бесмртноста“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во 1868 година Прличев престојува во Цариград а во 1869 година ја напиша песната Хилјада и седемстотин и шестдесет и второ лето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Атанас Бамбо тврдеше дека човекот не бил никој друг, туку Мајк, Методија, Зуноски, кој е дојден во посета на родниот крај и кој, повеќето време, престојува во Монастир кај свои роднини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа што знаеме како функционираат медиите - па тие ни се стан (може ли да се престојува во медиј од кожа?!).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е опсервација на еден дух кој престојува во највисоките сфери на искуството, дух на јогин или монах, дух на научник со длабока смисла за мистичното или пак дух на уметник ослободен од ситните политизации, обдарен со ерудиција и okno.mk | Margina #26-28 [1995] 30 упатен во езотеријата на андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Барем три, четири месеци во годината, уште од најраните детски години, тој престојуваше в планина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жена со фустан дотогаш беше само Демирана, жена му на Ферита ковачот кој со ќерка ѝ на Демирана која, исто така, му беше жена, секое лето од Ѓурѓовден до Митровден престојуваше во Брезница во племчето на Дрисковци поради што луѓето племчето го завикаа "ѓупчалница".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека Христов престојува во Македонија, на 10 јуни 1985 година, во Републичката комисија за културни врски со странство, беше основана фондацијата ”Стојан и Маргарет Христови.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постои нешто што е француска култура, но таа ниту универзално ниту во својата целина не ги опфаќа сите поединци кои себеси се определуваат како Французи или кои, во даден миг, престојуваат во границите на француската нација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сани точно знае на што ќе мисли кога тоа ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За време на последните години на војната го завршува лицејот и заминува за шпанија; под влијание на тогашните “ултраисти” (кои, заедно со некои други, пред повеќе од пола столетие одредени историчари на хиспанската литература ќе ги опфатат како “постмодернисти”, што била прва употреба на овој израз во книжевната историја), ги пишува и објавува првите песни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секогаш има хектари сонце и нивно бледеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1921-та се враќа во Аргентина и со татковска помош 1923-та ја печати својата прва книга, збирката песни Одушевеност од Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа следат: Истражувања, Месечина преку патот (1925), Обемот на мојата надеж (1926), Јазикот на Аргентинците (1928), Бележницата “Сан Мартин” (1929), Еваристо Кариего (1930), Расправа (1932), Општа повест на срамот (1935), Историја на вечноста (1936), Класична антологија на аргентинската литература (1937), Антологија на фантастичната литература (1940), Градина со патеки што се разгрануваат (1941), шест проблеми за дон Исидор Пароди (1942), Измислици (1944), Узорна смрт (1945), Ново побивање на времето (1947), Алеф (1948), Видови литература за гаучосите (1950), Стари германски литератури (1951), Други истражувања (1952), Приручник на фантастична зоологија (1957), Маседонио Фернандез, Музеј, Создавач (1960), Други, исти (1964), За шест жици (1965), Хрониките на Бастос Домека, Увод во северноамериканската литература (1967), Книга на измислени суштества (1968), Пофалба на сенката (1969), Бродиевиот извештај (1970), Конгрес (1971), Златото на тигровите (1972), Книга од песок (1975), Длабока ружа (1975), железна паричка, што е Будизам? (1976), Историја на ноќта (1977), Кратка Англосаксонска антологија (1978), Борхес во збор (1979), Седум вечери (1980), шифра (1981), 25 август 1983, Девет есеи за Данте (1982), Атлас, okno.mk | Margina #32-33 [1996] 204 Завереници (1985).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кој може да објасни како или зошто тој снежен леопард дошол од Азија да престојува во таа неупотреблива пештера во едно маргинално земјоделско градче меѓу полиња на јачмен и компир во јужен Ајдахо. што го оформило таквото патување, какви лоши проценки, кои промени на ветер или струи, какво промашување на кое божество?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На почетокот на Првата светска војна, со семејството заминува за Европа, каде што во женева престојува во лицеј; учи француски, германски и латински.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште еден “странец” од овој темат, Џорџ Легреди, престојуваше во Скопје, исто минатата година, претставувајќи го својот суптилно ингениозен ЦД-РОМ, “Анегдотска архива од студената војна”. во просториите на овдешниот Сорос центар за современа уметност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Инаку, текстовите што следат ги преведовме од две списанија кои исто така неодамна ја обработија темата “Дом” на своите страници; едното е “New Yorker”, а другото е кај нас релативно познатото холандско списание “Mediamatic”, чијшто уредник, Герт Ловинк, минатата година престојуваше во Скопје, а и Маргина објави едно интервју со него.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако не престојува во студентски дом, патот од Куманово до Скопје треба да му го плаќаме речиси секој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таква беше и една пудлица која одамна престојуваше во Пансионот и која беше накитена со украси: на ушите обетки, а на вратот огрлица како девојка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Исто така беше укинато правото на остварување на работен однос без дозвола на странци кои се на специјализација, стручно усовршување и странци ученици и студенти кои со меѓународна размена престојуваат во РМ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се укина и правото на странците кои престојуваат во Република Македонија врз основа на специјализација, стручно усовршување или практично оспособување, како и правото на странците кои врз основа на меѓународен договор престојуваат во Република Македонија заради учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти, да работат или да се работно ангажирани за периодот на нивниот престој (чл. 4, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како за првпат да престојува во овој град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Денес Мика престојува во една луксузна вила на Бел Ер, каде што живее како потстанар кај својот пријател Џад, бистар ем богат дечко што се занимава со недвижнини.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа мораше и него да го внесе во сопствената судбина веќе разоткриена пред мајката Перса и сигурно сега е вистинскиот миг додека уште престојува во нејзината глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како и да е го пратив да си престојува во хотел, зашто моите надежи за таа врска беа мртви и закопани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)