претопи (гл.) - во (предл.)

Се чинеше, како да се лулеат и се претопуваат во морето, а на свиоците бегаа во боровите шуми пред нашиот поглед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од Бадгаштајн па сè до Салцбург патов води низ планински австријски пејсажи, ишарани со борови шуми,пасишта, полјанки, куќарки, излетишта, мотели, населби, кои со својата архитектура се претопуваат во амбиентот на природата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Говореше убав турски јазик, кој беше претопен во персиски и арапски зборови со арапско писмо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но дали постои целосно чист јазик што би се претопил во припадноста? праша зачудено Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, не постои и не би можел да постои! прифати Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веројатно си се уверил дека сè она што си го нарекувал искушение се претопува во времето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во миг, иглата се претопува во долгнавест бодеж со изрезбарена дршка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Небото, исчистено од ниските, набрекнати облаци, што низ сè мокриот прозорец на болничката соба се открива по штотуку завршениот немирен сон, се претопува во последната глетка од сонот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ѕидовите се лепат на кожата, на очните капаци, налегнуваат, се спојуваат со нашите тела, со нашите навлажнети пори, со мекогласните движења, се претопуваат во слузавите капки на желбата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Остана само зелената која се беше претопила во зелените води на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Огнот е, како солта и како Меркур, еден од придвижувачите на трансмутацијата, тој ги измирува спротивностите: „Во алхемијата, огнот пречистува, но, исто така, спротивностите ги претопува во единство.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа е изедначен и со едното и со другото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Емоции претопени во метал. И жгура наместо кусур.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Само првиот потег – разиграно дете што мудроста ја претопи во насмевка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Момчињата одеа некаде – сите различни, а сепак во тоа минување што го гледав, држејќи се за мајчината рака, тие ми заличеа на река од лица кои се претопуваат во други, нови лица – некои од нив ги правеа можеби своите судбински чекори, и сето тоа изгледаше толку неминовно, таа колона што заминува без повраток, неизбежно.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
С-дур Околината е бела, потполно бела, така што белата облека на ангелите се претопува во општата белина на просторот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ја чувствувам како некое егзотично овошје со портокалова боја која се претопува во пурпур.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пропаѓајќи, тој ја извива раката (не веќе рака оформена, туку нешто налик на ембрионален екстремитет), очајнички замав на давеник, исчезнува, се претопува во зејтинестата смеса.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Француските елитни кози во славна мисија да ја спасат Македонија, како некогаш нивните балкански посестрими се претопија во стадото на еден од поуспешните козари, сточарски бизнисмен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И последниот повик по Сеген на козичката се претопи во тишината. Козичката се збогува и со надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)