претопува (гл.) - во (предл.)

Тука судбините на луѓето се слеваа и се претопуваа во една единствена, страша заплеткана судбина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така утешен, го следев летот на белите галеби како се претопува во синиот хоризонт од каде што Х.Х. го гледаше неизбежното идење на непријателите. Им завидував на галебите на хоризонтот, јас заробениот албатрос...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Целата попатна панорама е исполнета со населени места: со градови и села, со населби, со индустриски објекти и нивниот крај не може да се догледа, зашто тој се претопува во нов почеток.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Велиш: „Одам по рабовите“ - нели од рабови составуваш целина однапред осудена на распад - Ѓаволот на уништувањето бдее над совршенството држејќи долги остри ножички меѓу прстите, па слатко, со апетит сецка, дроби, кастри перверзно смеејќи се оти знае - оние кои се изрежани на ситно без престан крварат и бараат серум во умешноста да откриваат светови што не можат да ги задржат само за себе па ги исплазуваат како јазик или, бараат пат под нозе или, си го менуваат идентитетот бегалици засекогаш или, се претопоуваат во коктелите на натурализацијата асимилацијата од оваа страна на границите од онаа страна на границите а тие, проклети, се менуваат до бесвест додека ние паѓаме во вртоглава инфлација се занимаваме самите со себеси онанично, параноично безочно !  Суво злато, делба  Сѐ друго е минато - Македонија што ја нема - Македонија, мрачен предмет на желба зар и тоа е Македонија бездомничка Македонија суво злато Македонија подземен свет глобок сон тајна историја темно време.  Алчна, одиш во пресрет на судбината и го бираш поголемото од двете...  Земја си, одбрана да ја усовршува поетиката на делбата.  Да експлодира.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ги набљудувам низ стаклото на експрес – ресторанот како на сите страни се разлеваат и се претопуваат во Градот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Гласовите ја губеа јасноста, се претопува во нервозен шум што звучно трепереше во ѕидовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)