преточува (гл.) - во (предл.)

Оддиплувај ги листовите на споменот и стегај душа... стегај срце, секогаш така велеа нашите стари, велеа, кутрите и болката ја преточуваа во песна...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Изградбата на оваа брана од која половина од турбините даваат струја за Југославија, а половина за нашиот сосед Романија е пример и на добрососедска соработка, која се преточува во заедничка корист“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа студена ноемвриска ноќ, во студентската соба 1303, две тела се преточуваа во едно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Највпечатливиот залез, каде што грздот разнобојни зраци се преточуваа во спектар бои.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што има јас да се сеќавам на своите сознанија, да ги преточувам во зборови, да ги паметам тие аксиоми, да сакам да ги проширувам, образлагам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Поезијата е онаа состојба на духот на творецот во која дури и најморничавите мигови од животот се преточуваат во своевидни метафори, алегории или други стилски фигури сосема ненаметливо и спонтано.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- Онаа што се преточува во нашите срца, љубовта со која се прегрнува цел свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во нашето детско паметење имаше многу место, та затоа не ги заборавивме овие зборови што секој ден беа преточувани во дневни пароли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мими го слушна гласот на мама Злата, се сврте, здогледа насмевка и за поздрав крена рака - Мама! - радоста се зголемува, се преточува во восхит и тече понатаму - каде ќе го одигра танцот на цвеќињата во Пролетната бајка...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)