претстави (гл.) - вознемири (имн.)

Споровите поведени согласно овој закон имаат карактер на работни спорови и во нив се применуваат одредбите од Законот за парнична постапка (чл. 31).79 Со тужбата може да се бара: (1) утврдување дека 79 Закон за парнична постапка, Сл.весник на РМ, 79/05. 90 работникот претрпел вознемирување на работното место; (2) забрана на вршење на однесувања кои претставуваат вознемирување на работно место, односно забрана на повторување на вознемирување на работно место; (3) преземање на дејствија заради отстранување на последици од вознемирување на работно место и (4) надоместок на материјална и нематеријална штета причинета со вознемирувањето на работно место (чл. 32).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место (чл. 21) и тоа задолжително треба да содржи: (1) податоци за подносителот на барањето; (2) податоци за вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, ако не е подносител на барањето; (3) податоци за вработениот кој се смета дека врши вознемирување; (4) краток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место; (5) траење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување и (6) наведување на факти и докази (чл. 20).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)