претстави (гл.) - спротивност (имн.)

Повикувајќи ја да се прибере и да застане пак на нозе, најпосле покажува извесно нетрпение; далеку од тоа дека може да смета на некакви изливи на сочувство за сопствените испади, морал да се снаоѓа без нив, а тоа е зошто неговиот завршен повик истовремено искажува и нежност и цврстина пред глетката на женска гламурозност и абјектност. ‌Тоа што О’Хара свесно ги комбинира тревожната грижа и збунетата оддалеченост го бележи неговото спознание дека тој не се квалификува за субјект на таков раскошен и мелодраматичен дискурс на ѕвезда, макар сведочело тоа и за неговиот восхит и за неговата завист кон оние што се квалификуваат.370 Неговото иронично изрекување на насловот, на крајот на краиштата, го обелоденува својот дискурс како неоснован, освен во тропата на самата мелодрама на славните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да зборуваш со сопствен глас, ако си онаков културен простодушник за каков отпрвин се претставува самиот О’Хара, значи да ги усвоиш ветвиот јазик и склоноста кон мелодраматично претерување кои се одлика на новинарскиот дискурс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако не го претставува тоа што „никогаш не паднал“ како некакваси доблест (најпосле, човекот вели „ме имало на многу журови / со поведение крајно срамно“), неговото релативно стамено однесување претставува спротивност на повластените испади на ѕвездата, чија слава ѝ дозволува да ги ползува повластиците и почитта што тој не може да ги ужива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До крајот на песната, меѓутоа, О’Хара ја разграничил неволјата на ѕвездата од својата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е она што ми се допаѓаа кај Рцевски во неговите делови од Attiice: многу се “рајлиевски”.  К: Иако јас мислам дека ваквата употреба на музиката која е наклонета кон публиката и тоа го признава претставува спротивност на она што ми се чини дека го прави револуционерниот став...  Б: Не сум сосема сигурен...  К: ... затоа што го задржува статус кво-то и го менува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)