претчувствува (гл.) - дека (сврз.)

Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Застануваа ноќе на прозорците, излегуваа на вратите и чардаците и штутеа да чујат нешто, претчувствувајќи дека сите несреќи идат ноќе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој по нешто ќе речеше: го виделе овде, го виделе онде, но јас и Васе претчувствувавме дека него го нема: распарчен е од некакво ѕвериште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Часовникот како да претчувствувал дека нешто ќе се случи со него, та затоа цела ноќ така силно и возбудено чукаше простувајќи се и од куќата и од своето работење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Напротив, „означителот на означителот“ го опишува движењето на говорот: се разбира, во неговиот искон, но денес се претчувствува дека еден искон чија структура се спелува на тој начин - означител на означителот- самиот се разнесува и брише во своето сопствено продуцирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)