префрлува (гл.) - преку (предл.)

Дуда додека ме потчукнуваше со десната рака левата ја префрлуваше преку бујните гради за да ја придржи торбата што ѝ висеше на нејзиното десно рамо, за да не ѝ падне. - Подобро да го потчукнуваш со левата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш не ќе мораш да ги правиш сите овие операции а притоа да си го тормозиш и градниот кош– ја советуваше Џорџ – нема да мораш дури и да го придржуваш ременот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)