пречека (гл.) - од (предл.)

46. Освен застапувањето за целоста на Турција, ова барање беше најжестоко пречекано од Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се чинеше дека кога татко ми ќе влезе во салата и ќе се сретне со учителката Вера, сите присутни ќе знаат дека тој, татко ми не е пречекан од учителката Вера како и сите други, туку некако поинаку...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татко се сети на своето враќање од Цариград во родниот град во 20. години од XX век во Поградец, со два големи куфери, пречекан од своите родители, браќа и сестри, блиски роднини, комшии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кога денес разбра дека одам в град, ме пречека од заседа. Пукаше - промаши.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се поместија куферите од чезата, преполни со книги, широко се отворија и од нив излегоа многу книги, едни велеа дека го поарчил времето за книгите, времето во гурбет, други велеа оти нешто му се заматило во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)