пречи (гл.) - дека (сврз.)

Се гордеевме со нив: да чуваш две кучиња речиси сред градот, каде ни кокошка со пилиња не смее да се чува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не му пречеше дека и него го сместувам во светот на поарчените вредности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
САЗДО: И не ви пречи дека знае кој е вистинскиот виновник за смртта на вашата снаа?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Им пречеше дека трчаат низ тревниците, расфрлале ѓубре, ноќе лаеле и на еден куќен совет решиле да ги ликвидираат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЛЕНА: Истрагата покажа дека тоа било несреќен случај, невнимателно минување преку пругата. (Таа станува, ги зема шољите и се упатува кон самоварот.)
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За нас радост - за возрасните голема грижа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)