прејде (гл.) - во (предл.)

— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа ние сега ќе прејдиме во Бзовиќ, Старавина, Градешница, а ако видиме некој јак зорт можеме да преврлиме и до Пожарско, Баово и долу Караџова, додека помине потерата — предложи Толе и сите прифатија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако со константната употреба не се развива толеранција, првобитната еуфорија преоѓа во нервоза, немирност, okno.mk | Margina #8-9 [1994] 131 хиперсензитивност, несоница и губење на телесната тежина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таман почна да задремува слушна чудно брмчење кое наскоро прејде во гласна бучава.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Гронинг: Пред да се родам татко ми беше илустратор; обично работеше стрипчиња од една табла и еден ден заклучи дека според бројот на продадените квадрати секој што го изработил вреди 35 центи и едноставно прејде во бизнисот со реклами, а подоцна и во филмската индустрија. m Грот: Колкаво влијание имаше тој на твојот интерес за илустрација? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие ги издадоа сите мои книги сѐ до 1990, кога прејдов во Харпер Колинс. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нашата гуска одеднаш од вкочанетата позиција преоѓа во цик-цак трк притоа викајќи, и со некоја збркана логика, по десетина чекори, се буцнува во барата: Пред сè, поради брзината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Веќе осеќам како влагата постојано преоѓа во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако, заедно со умирањето на институциите исчезна и културниот контекст, политиката стана единствениот вистински контекст со оглед дека приватизираниот имот се распределува под нејзината сила, Куликовата уметност преоѓа во политички чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога прејдов во состојбата, полека се забрзаа сè додека нивните светкави пердуви не се претворија во чисти облици на боја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ло Тек заврескаа, но некој ги исклучи засилувачите, а Моли го јаваше Подот во тишина, со бело и безизразно лице, сѐ додека не се смири и не прејде во благо цивкање на измачен метал и гребење на ‘рѓа врз ‘рѓа. 102 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Твојата девојка преоѓа во напад.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Појот паѓа како да се губи во некоја глува шума и наскоро, чиниш од далеку, испрекинато, нескладно, длабоко, осамено, преполнето со солзи и пејовито се премотува непремолчано, се прекршува, се пренесува и пронижува преоѓа во тажновито, молбено и осамено битисување: Твојте лисја, горо сестро, Пак ќе ти се вра-а-а-тат, А мојата младост, горо, Нема да се вра-а-а-ти-и-и...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога ќе се врати пак кај Мухамеда да му докажува дека го напуштил Ристоса и прешол во неговата вера, тогаш Мухамед уште полуто ќе го измаршира и ќе му рече: Не ми требат мене предавници; оди кај сакаш!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имав слушано многу за тетка ми пред вистински да ја запознаам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Братучед ми сигурно се вознемири затоа што шепотот му прејде во тивок, од нервоза растреперен говор: - Не сум стоел јас кога сум мочал, тоа... - не успеа да се доискаже бидејќи тетка ми го прекина со едно гласно „шшшшшт!“ па братучед ми повторно повтори со шепот, како претходно да не го слушнале.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Последниот, најголем бран препотување го добив кога веќе завршивме со обилната вечера и сите седевме врз столовите, офкајќи од прејаденост.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Лицето одненадеж ѝ прејде во презир, па промрмори „Безобразлук! Во моја куќа...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од сосема нормална состојба речиси неусетно прејдов во онаа другата: бев свесен; моите мисли и чувства беа во склад со таа свест и тој преод беше лесен и јасен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само ќе си ги собере зраците ќе си ги заташка пегите и ќе прејде во друг дом!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)