прибере (гл.) - го (зам.)

Еве: ти прибери го едното, телото, јас ќе ги приберам останатите девет невидливи нешта се на моја страна: -Заповед од мојата чесна уста, -слава од мојот ум обновуван, -почест од мојата радост непоматена, -сила од моето срце широко, -почит од луѓето, кои се мои потпирачи, -верба од мојата душа умножена, -успех од мојот корен ијладажилест, -акција од мојата крв зовриена -песна од моето грло пуштено.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Утревечер кога ќе дојдеш да ги навадиш розите, спушти го и прибери го.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Јас ќе претрчам до Иван... Имам нешто работа. Ти прибери го добитокот, измолзи ја кравата, надој го телето... И да не одиш нигде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Слушај, - вели, - прибери го умот, вразуми се.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)