прибере (гл.) - дома (прил.)

Пред зори Шпиро се прибра дома, а Бисера без да мигне, дури татко ѝ и брат ѝ предремаа, замеси дветри погачи, залеа вода, ја почисти куќата, ваганите и си отиде дома да наѕре и пак се врати долу да ги пече погачите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И погледнувајќи во сонцето, посакуваа што побрзо да се стемни за да можат да се приберат дома, сите на куп, и да се замандалат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старците рано се прибраа дома. Мажите не се собраа на вигната на квечерински муабет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Томо веќе два месеци не беше се прибрал дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ситните часови Томо се прибра дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада по две недели се прибра дома. Расположена и ведра пред сѐ заради успешното расчистување на испитите во првата година.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој живееше сам и реши полицајката да си ја прибере дома. „Неофицијално”, ми рече тогаш.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но тој немал кураж тоа да го стори, се прибрал дома и не зел учество во атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ајде, бегам јас, кажи му на мама дека не знам кога ќе се приберам дома.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Слегуваше Профим со фенер в рака низ брегот и одеше да го бара; да го прибере дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се прибираат дома и рикаат на цел глас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Подобро е да се приберам дома сепак.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сигурно се беа прибрале дома...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)