приближи (гл.) - толку (прил.)

Стапалките колку повеќе се приближуваат толку повеќе се чини дека се умножуваат, дека не е само еден човек или само еден ѕвер, туку дека се двајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ги забележуваше честите, испреплеткани траги, во снегот пред себе, што го шараа само горниот слој, тој често со мислите беше на дофат на сето она, што се случуваше околу него, меѓу стеблата, па сепак, тој ниеднаш не му се приближи толку на сето тоа потајно шмугање во светот на оваа изгасната сивина, за да го узнае добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со оваа мала парабола би ја завршиле нашата студија: проза која се поигрува со анархијата, нередот и ентропијата, а сепак на крајот ги надвладува и ослободува една исклучителна енергија, постојано обновувајќи се; критика којашто неодредливоста и фрагментарноста едновремено ја фасцинираат и одбиваат, којашто гради интелектуални конструкции за во сето тоа да фати некаква смисла - сé додека нејзините најпромислени обиди сосема не ја приближат до предметот на истражувањето, да ја приближат толку што практично е невозможно да се разликуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)