привлече (гл.) - голем (прид.)

Арена понуди елиптичен поглед врз неговите перформанси, објекти и инсталации во годините во кои Бојс за првпат почна да привлекува голем интерес.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дрогата посебно привлече големо внимание после искуствата на Алдос Хаксли, а нешто подоцна и на Вилјам Бароуз, кои со наклонетост гледаа на неа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Околу уметничките вредности на многубројните автори (пред сé сликари и писатели) подведени под поимот „експресионизам” и понатаму се спори, но неоспорен е фактот дека тие и денес привлекуваат големо внимание и внимателно и одново се „исчитуваат”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Претставени се околу 400 дела, главно фото-материјал од 60-тите и раните 70-ти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден ден погледот на Сликарот му го привлече големо старинско огледало исправено во аголот на собата, со раскошна рамка од абонос.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)