придонесува (гл.) - за (предл.)

„Си се зачленил?“ „Се зачленив, тато, нели ми рече дека сум жител на оваа населба и треба да придонесувам за менување на состојбите, а не само да критикувам и да се муртам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Матната светлина на малата електрична сијалица придонесуваше за мрачниот изглед на собата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Завивањето на ветрот, темницата или нешто незнајно уште повеќе придонесуваа за тоа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)