придонесува (гл.) - да (сврз.)

Загаденоста на воздухот придонесува да се зголеми бројот на заболените на душните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Б.С. изгледа настојуваше да ми укаже дека всушност јас сум едниот од оној мал број познати кој може да си претпостави барем за некоја од причините што довеле до оваа несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ова придонесуваше да западне во метафизичко неспокојство кое траеше подолго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ваквите настани придонесуваат да ја загубам рамнотежата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А оттаму, од излогот, ми мавташе со раката една воздушеста убавица, чиј што нежен превез многу придонесуваше да се причинува дека не личи на живо суштество.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)