придружи (гл.) - кон (предл.)

Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Зошто ти е Шаќир? Од каде идеш ти, Јоше? — се чуди Бајракот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исто така истакнува дека партизаните организирале митинзи во “грчките села“,166 на кои присуствувале и „македонскиот и грчкиот комесар и му се обраќале на населението за да се придружи кон партизанското движење, без разлика дали на грчкото или на македонското бидејќи и двете се бореле за идентични цели“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Истовремено македонскиот и грчкиот политички комесар држеле и говори во кои се повикувал народот да се придружи кон партизанското движење било македонско или грчко.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Другите деца веќе се беа придружиле кон своите мајки и татковци и во весел разговор и честитање ја напуштаа искитената сала.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
КОСТАДИН: Од мака... Разделба!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ајде и ти, Зафире. (Се придружуваат кон општата група. На многумина не им е до јадење.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Разбирливо, таа пред мене не проговоре за синот, а и јас, дури откако заминував од Долнец се сетив на приказната за него: дека ги напуштил студиите, заминал од дома и веќе не се јавил, и дека дури отпосле дознале дека, со уште едно момче од групата што, под водство на еден млад свештеник, била воведувана во православното учење, се придружил кон манастирот Св.Тројца, преку границата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Една група борци се отцепија од ЕЛАС и се придружија кон партизанските единици од Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се придружи кон една патувачка екипа актери и се фрли на сцената.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)