признава (гл.) - никаков (прид.)

За својата татковска болка не признаваше никаков специјалист и никого не викаше ни за консултант ни напомош; оти, кој ќе му кажеше дека и во современиот свет е редно синот да умре пред таткото?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мими оди напред, со ситни шушкави чекори, успева да погледа лево-десно, учесница на ваков трогателен миг, но нејзиното чпрто носе се држи предателски, тоа не признава никаква виспреност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа Мара ги ослободила тие планинци од секакви давачки и обврски спрема царот и царштината, та не признаваат никаква власт над нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не отстапуваше и не признаваше никакви тешкотии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)