признае (гл.) - право (имн.)

На 6 ноември 1990 година на XII пленум на Централниот комитет на Албанската партија на трудот беше признато правото на верата, но одлуката беше објавена подоцна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Набргу беа отворени околу 87 македонски училишта со десет илјади ученици — на крајот од истата година и привремената влада на Грција на Македонците им призна право на целосна рамноправност и слободен национален развиток.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Бараме да ни се признае правото на народ.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
52. За да се поправат тие, Грците ќе треба да се откажат од својата „мегали идеја“ и да ѝ го признаат правото на постоење и на македонската народност редум со грчката во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)