призне (гл.) - во (предл.)

Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знае и тоа дека е затворена од сите страни, дека нема проѕирка ни колку влакно за да се призне во неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Може и да ѝ го покаже на Митра, и таа ќе се израдува, и да го виде не може да призне во него оти не ги знае кирилските букви (не ги знаеше ни грчките), само сепак, Чана не може да го направи тоа, едноставно радоста од писмото прво сама сака да ја има само за себе, а после ќе ја дели со другите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)