прикажува (гл.) - еден (прид.)

„Беше толку праведен, толку чесен, а отиде да прикажува една бесрамна лага.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сместен во Поградец, град во кој диктаторот сакаше да престојува секое лето, новелата на Кадаре прикажува еден голем албански поет јадосан од режимот, чија последна слобода, поради немање можност да одлета или да отплови, поради неможноста да ги види своите дела широко распространети, се состои во неговото вљубување за последен пат и покрај одминатите години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веројатно ја доживува таа своја работа како најголем пораз, после она наше заедничко пораженије во Русија“, му го истураше некому својот горчлив гнев или очај татко ти, а јас се обидував да го смирам: „Добро, Семјон, секој е должен да заработи за леб.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се прикажуваше една шега дека еднаш ѝ напишал мајке си да му прати пари да си дојде додома од градот, до каде што стасуваше железницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)