прикрие (гл.) - свој (прид.)

Она што беше дури и полошо отколку потребата да се сконцентрира на една серија од детални задачи, беше потребата да го прикрие своето неспокојство од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Брука, брука! Сме довеле белосветска ороспија во куќава. Сигурно ја избркале од дома за да ја прикрие својата курвинска трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во двата алегориски автопортрета со кои сега ќе се позанимаваме, тој, исто така, ја прикрил својата личност, преземајќи, во двата случаи, различен сексуален идентитет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трите псевдоними што Duchamp ги зема за себе, го криеја неговото име.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие констатирале и дека кон крајот на 1929 година „кралот Александар признал дека федералистичкото движење станува сѐ посилно и посилно и решил да го прикрие својот централизам со инаугурирање на вештачка поделба на државата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стокмени во облеки и врски, избричени до гола кожа по главите за да ја прикријат својата ќелавост, седеа две момчиња веднаш до масата на Еразмо, толку блиску што нивниот разговор можеше беспрекорно да го чуе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ЗА МИГ Може ли сонцето да го прикрие своето распламтено лице?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)