прилега (гл.) - да (сврз.)

Затоа јазикот божји е - тишината. Нашите древни монаси поучуваа при немощ, при болѣзнъ, дека прилега да се молчи, да се страда...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не си султанов везир или нешто друго што му прилега да се перчи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ѝ напомнав каде се наоѓаме и дека на ова место не прилега да се изведуваат егзибиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Контрола на билети“, ми вели еден што повеќе прилега да биде истерувач во диско, а јас глупава и по малку глува, блеам во него како недоветна, да не речам мутава, а тој ми ја граба картата од рака, во која сум го стиснала несвесно... и ми ја враќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)