прими (гл.) - прв (прид.)

Самир Мустафа, откако ги прими првите карти, продолжи: - Во еден битолски вакаф откриле неколку сандаци со стари отомански записи, дефтери...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не мина многу откако ги примија првите плати, обајцата донесоа по една вреќа полна со брашно, едното пченично, а другото пченкарно, сеќавајќи се на Татковата вреќа брашно, која одамна престана да ја носи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога историската неопходност категорички ни изјавува: Македонци, или соединувајте се меѓу себе и отцепете се од другите балкански народи или гответе се за дележ на нашата татковина! – сите искрени патриоти Македонци ќе го примат првото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Природно е да се запрашаш до кога ќе се зголемува водството и кога ќе се прими првиот гол во овој натпревар во кој нема нерешено.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)