пристигне (гл.) - и (чест.)

Набргу пристигна и главниот соработник Цветан Горски, млад биолог.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неколку часа порано пристигна и Никодин, исто така, од тој правец.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Скоро ќе пристигнат и дождовите и ќе нѐ замолат да ги засолниме под нашата кожа.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Па сепак најпосле беше пристигнат и тој парталав мршар, што не ни помислува да падне, но што се влечка по секоја изморена дира, тврдоглаво и ниеднаш неизгубено, како смртта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)