притаи (гл.) - во (предл.)

Во темнината се појави фенер. Вознемирени силуети се распрснаа и се притаија во неосветлените агли на каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Токму овој инстинкт, како да притајува во себе еден вид површна итрина и снаодливост, која и така несвесна и со нејасна цел, ги отсликува сите човекови пориви во времињата кога човек нема на што да се потпре, освен на надежта дека ќе ја достаса целта...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако геј- мажите меѓу себе држат во оптек извесни делчиња од главнотековната култура, а во таа постапка им внесуваат полнеж од нестандардни значења и врз таа основа зацврстуваат некоја заедничка култура и некој заеднички сензибилитет, тогаш еден факултетски предмет, на пример, кој ги става во оптек тие конкретни нешта исто така ќе има дејство на геј- иницијација, доколку оние студенти што сè уште не се сретнале со нив ги воведува во многубројноста на можните геј- значења што се притаени во околната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Умешноста да се процени вистинската состојба по такви животни потреси е обично реткаи доколку некој располага со неа ја притајува во горчливото срце: ни совладаниот можеш да го утешиш ни на славеникот можеш да му ја укажеш потребата да се смири и да мисли на иднината, на луѓето и на земјата за која бил готов да полее и своја крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпосле се притаи во малата одаја, го отвори невестинскиот ковчег и од него, со ред ги извади и раздипли шамијата и кавракот, мантата и полката, долникот, бојот и пешкирот, скуталото и некои други везении и ткаенини.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Толкав грев сторен врз братот роден се притаил во езерските длабини, та водата не можела да се скроти.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се чинеше дека небото, како што беше ведро и извишено, одненадеж се распукна, падна на земјата и се пачоса, дека птиците ги спуштија крилјата и се притаија во седелките, дека сè стивна и се заплати, дри и жегавиците, а луѓето во полето, жетварите, ги исправија снагите, ги префрлија срповите преку рамо и стаписани ги слушаа Атанас - толку што беше неочекувано, и жалоито, речиси нестварно, неговото лелекање и редење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го редеше Атанас сиот сој Дамчески, од кој, откако се знае во Потковицата за Дамческите, толкумина паднаа за жална Македонија; го редеше Атанас татка си свој, Ѓорета Дамчески, кој, одејќи по патиштата на дедовците и стриковците, и по патиштата на татка си Блажета Дамчески, уште, од младешки години окапа по затвори, за истата таа Македонија, а таа, кога се ослободи и кога тој им беше најпотребен на децата, на жената и на имотот, го затвори; ја редеше Атанас мајка си Илинка Дамческа, на која, при жив маж, ѝ помина животот како на вдовица, во црнина, ги редеше Атанас браќата свои, кои при жив татко беа небаре сираци, потурнати, а кога зеде да ги реди сестрите, Милица и Милјана, е, тогаш - на сите кои го слушаа им препукнаа срцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)